НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
мај 31, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Скопјани со огромен интерес на повикот за доставување на барања за решавање на нивните проблеми до Град Скопје

Градоначалничката на град Сккопје Данела Арсовска во рамки на своите програмски определби да овозможи максимално отворена и мобилна општина во брза и ефикасна служба во функција на граѓаните, пред неколку денови ја стави во употреба електронската адресa 24@skopje.gov.mk на која граѓаните постојано 24/7 можат да алармираат за своите граѓански потреби кај надлежната администрација. Градоначалничката Данела констатирајки дека станува збор за успешна мерка посочи дека за само 10 денови откако е ставена во функција оваа алатка до Град Скопје се пристигнати 213 барања од кои 165 се веќе решени а за останатите продолжува постапката до нивно целосно решавање.

“За само 10 дена откако ја ставивме во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk, на истата пристигнаа 213 барања од граѓани, од кои 165 веќе се решени, а останатите се во фаза на решавање.

Отворањето на електронската адреса за комуникација со скопјани е само дел од проектот Отворен град 24 часа. Пред новогодишните празници ќе биде отворена и Канцеларијата за комуникација со граѓаните за нивните потреби и служба за брза реакција на нивен повик.”

-соопшти Данела Арсовска- Градоначалник на Град Скопје.

За авторот на оваа статија

>