Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска реализираше работна средба со Петер Сијарто- Министер за надворешни работи и трговија на Унгарија во светло на нејзините напори да ги реализира проектите кои што ги вети пред граѓаните на Македонската метропола во предизборието. Во тој контекст Градоначалничката Данела и унгарскиот министер Сијарто постигнале договор преку куј ќе се интензивира оваа соработка.
“На денешната средба со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто разговаравме за предизвиците кои во наредниот период го очекуваат Градот Скопје, како и проектите кои почнаа да се реализираат. Приоритети на новата градска администрација се креирање услови за подобар квалитет на животот за граѓаните и реализација на проектите предвидени во програмата на Градот Скопје. Постигнавме договор да ја интензивираме соработката меѓу Република Унгарија и Градот Скопје, со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните.”
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити