Во рамки на своите програмски определби за подобрување на системот за справување со отпад на територијата на општина Кисела Вода Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски започна со реализација на нов проект за собирање и селектирање на отпад во соработка со приватниот сектор.
“ Заедно со РЕДИ Рециклажа започнавме проект за собирање и селектирање на отпад
Започна организираното собирање и селектирање на отпад од домаќинствата кое се реализира преку соработката на oпштина Кисела Вода и РЕДИ Рециклажа. Досега, за канти за селекција на отпад од хартија и пластика се поставени во 20 од пријавените 35 згради од општината, а тенденцијата е со овој проект да бидат опфатени сите колективни згради од овој дел на градот.
Кантите се поставуваат во влезот на зградата, а собирачите ангажирани од РЕДИ Рециклажа ги празнат на неделна основа или онолку често колку што ќе има потреба во зависност од собраната количина отпад. Кисела Вода, обезбеди соодветен простор за паркирање и полнење со електрична енергија на електричните трицикли со кои се собира отпадот.
Инаку РЕДИ Рециклажа е друштво за управување и собирање на отпад кое има за цел да ги организира и формализира неформалните собирачи на отпад, преку воспоставување на систем за примарна селекција во градот. Преку бизнис модел на социјално претпријатие, а основано од меѓународната организација „Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ“, веќе шест години посветено работи на економската независност на ранливите заедници.
Жителите на општина Кисела Вода кои сакаат да бидат дел од проектот на РЕДИ Рециклажа и Општината, за бесплатно поставување на канти за селекција на хартија и пластика и во нивната зграда, може да се пријават на:
• Тел: +389 230 607 61
• Меил: recycling@redi-ngo.eu
• Или на формуларот за пријавување на фејсбук страницата REDI Recycling.”
-соопшти Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во јавност.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот