Како што беше претходно најавено денеска надлежни служби од комуналното претпријатие во Карбинци пристапија кон чистење на каптажата и резервоарот на вода за пиење во село Радање, општина Карбинци.
Станува збор за интервентна активност која подолго време недостигаше да биде направена, со што граѓаните сега ќе добијат поквалитетна вода за пиење во нивните домаќаинства.
“Денес како што ветив се врши чистење на резервоарот за вода и каптажата во село Радање. Ова е само еден чекор до обезбедување на чиста вода за пиење за жителите во Радање!
Во Карбинци создаваме нова иднина! “
-напиша на фејсбук градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов во врска со оваа активност.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот