“Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска не гласаа за измените и дополнувањата за Законот за работни односи со кое недела станува ден за одмор за 92 отсто од сите работници, а останатите осум отсто да добиваат повисоки дневници за ден недела.
Со негласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ставија на спротивната страна од интересите на работниците.
По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ покажа дека ниту се грижи за граѓаните, ниту за работниците, дека за нив најважен е личниот и партискиот интерес.
Парламентарното мнозинство предводена од СДСМ и покрај опструкциите го донесе законот и останува партнер на работниците, продолжува со носење на реформи кои ги унапредуваат работничките права и го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.”
-соопштение на СДСМ упатено до јавноста по повод денешното донесување на измените и дополнувањата на Законот за работни односи со кој недела стана неработен ден за 92% од сите работници во државата.
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити