НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 18, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Со нови “штосни” канти за отпадоци се пофали градоначалникот на Велес

Пренеси ја вистината

Како дел од една поширока кампања именувана како “Сакај го Велес” низ градското јадро во овој град на бреговите на Вардар беа поставени навистина интересни нови канти за отпадоци, дизајнирани со посебен ведар шмек и иновативност.

Мора да признаеме дека ова е навистина убав начин со така симболичен дух да се внесе нова свежина во урбаното живеење во Велес.

Градоначалникот на општина Велес Марко Колев ја сподели убавата приказна со јавноста во Македонија:

“Приказната за поубав Велес продолжува!

Како дел од кампањата #сакајГоВелес денес беа поставени украсни канти за отпадоци на повеќе локации во градот. Како што денес се восхитуваме на идејата и креативноста, така и во иднина на сите нас останува одговорноста да ги сочуваме и да се грижиме за животната средина и хигиената во градот.Големи нешта доаѓаат од малите почетоци!

За поубав Велес, Велес кој го сакаме!

❤️ Велес”

-соопшти градоначалникот на општина Велес Марко Колев.

Дефинитивно пример кој што треба да го следат сите други градоначалници ширум државата.

За авторот на оваа статија