Во текот на вчерашниот ден од страна на Македонската Радио и телевизија во јавноста беше промовирана детската евровизиска песна која ќе ја претставува Македонија оваа година.
19-то издание на јуниорскиот избор за песна на Евровизија ќе се одржи на 19 декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз.
Песната насловена како “Зелени сили” ја исполнуваат децата од мегапопуларната детска серија „Дајте Музика“ кои беа избрани од МРТ да ја претставуваат Македонија на годинешната Детска Евровизија.
Оваа песна заедно со видеото кое е достоен репрезент на севкупниот музички израз, третира актуелна проблематика поврзана со климатските промени а истат ќе ја изведуват Кристина, Анастасија, Миха и Филип од популарната детска серија „Дајте музика“.
Автор на музиката е познатиот пејач и композитор Роберт Билбилов, додека пак текстот го напиша Робин Зимбаков.
Поврзано
“Кога падна на Пирина” е новата обработка на рок бендот Некст Тајм. Најава за премиера
Од супер модел на Израел до светска филмска икона- успехот на Гал Гадот плени со инспирација
Хоакин Феникс по 22 години пак соработува со Ридли Скот. Сега на филмот “Наполеон”