Само што се појави првиот поголем снег и ниски температури, почнаа проблемите со напојување со електрична енергија.
Коалицијата СДС и ДУИ денес по којзнае којпат нé убедија и докажаа колку се неспособни во управувањето со електроенергетскиот систем. Првиот пообемен снег покажа дека не се извршени навреме ремонтите и ревитализациите на најкритичните точки во електропреносната мрежа. Меѓусебната борба за местење тендери со изведувачи и подизведувачи блиски до СДС или ДУИ повторно ќе биде на грбот на народот. Меѓусебното инаетење во МЕПСО меѓу директорите од овие две партии се докажува со зачестени дефекти, испади и штети по оние кои се корисници и редовно ги подмируваат сметките, а тоа се народот и компаниите. Важно е дека тендерите си врват без проблем, потпишани и документирани со многу моќен ПР маркетинг, со насмеани лица уште во времето на екс вицепремиерот Анѓушев, со кредити земени од ЕБРД. Иако немаме изведувачи на терен каде се прави одреден зафат од изведувачот, туку напротив работат фирми подизведувачи кои немаат лиценца за такво иведување на работите, а со тоа и право да прават такви зафати за замена или реконструкција на опремата. Замислете да потпишете со некого тендер за реконструкција на трафостаница во висина од над 5 милиони евра и да немате од таа компанија изведувачи, туку од нивен избран подизведувач инаку близок до власта кој нема право да прави такви зафати, туку може да биде само негова основна подршка.
Најважните тендери се закочени поради внатрекоалициската борба кој да ги добие и како да се подели колачот. Вакви испади за жал ќе има сé почесто зимава, поради неподготвеноста на мрежата на МЕПСО заради ненавремени реконструкции и коалициски инаетења. Народот и компаниите ќе трпат штета заради нечија неспособност и алчност.
Одговорност за сите овие и многу други незаконски дејства ќе има кога ќе падне оваа ненародна власт која што уништи сé што можеше да се уништи во сите сегменти од државата, вклучително и енергетиката.
Извор: Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ
Поврзано
Видов многу енергија и ентузијазам кај вработените во фабриката, рече Ковачевки при посета на една од фабриките во ТИРЗ Скопје 1
Сања Лукаревска од СДСМ: Посветени сме на заштита на стандардот на граѓаните
Цената на лебот порасна за 110% а на брашното за 40%, владата да интервенира со стоковите резерви на пазарот, бараат од ВМРО-ДПМНЕ