Во текот на вчерашниот ден со пригодна програма беше пуштена во употреба новата модерна реконструирана кино сала во Пробиштип.
На концертот на Националниот ансамбл за народни игри и песни “Танец” на сцената на реконструираната кино сала кој што се одржа во таа пригода публиката можеше да го види раскошот и убавината на Македонскиот народен фолклор и обичаи кои со целиот пиетет ги негува ансамблот.
На настанот присуствуваа и Градоначалникот на Пробиштип Драган Анастасов и Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
“ Прекрасен концерт на културниот амбасадор “Танец” вечерва во Пробиштип. Со свеченото отворање на кино салата “Злетовски рудар”, по повеќе од една деценија градот повторно може да ужива во културните манифестации кои ќе следуваат во иднина. Домот на културата во Пробиштип конечно доби реконструирана сала со која заедно со минеролошката збирка веќе се една целина за одржување и развој на културата, но и на туризмот во општина Пробиштип. Нека е со среќа и нека се одржуваат уште многу концерти, театарски претстави, филмски проекци, претстави и други манифестации. Општина Пробиштип и понатаму ќе продолжи да работи за подобри услови за сите граѓани.”
-соопшти по тој повод Драган Анастасов- градоначалник на Пробиштип.
“После една деценија, Пробиштип доби нова модерна кино сала, со финансиска поддршка преку Програмата за рурален развој на #МЗШВ . На наше големо задоволство вечерва сме дел од отварањето, со првата интерпретација во изведба на Националниот ансамбл на народни песни и ора #Танец. Оваа кино сала ќе претставува вистинско уживање и релаксација за жителите на Пробиштип .”
-соопшти во оваа пригода Љупчо Николовски- Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство,
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот