НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 10, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Социјалистичката партија на Македонија го доби својот градоначалник во Кратово

Пренеси ја вистината

Кандидатот за градоначалник Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Обнова за Македонија” го прими уверението за градоначалник по одржаниот втор круг на Локални избори во Кратово.

Тој во неделата убедливо со 3078 гласови на своите сограѓани го победи кандидатот на СДСМ Влатко Бојковски кој освои 1869.

Тодорче Николовски доаѓа од Социјалистичката партија на Македонија која што е позната по својот основач Љубисав Иванов Ѕинго кој што потекнуваше токму од Кратово. Тој е единствениот крагоначалник во државата од редовите на СПМ која веќе долги години е во ѕврста коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

“Самиот чин на добивање на уверение од Државната изборна комисја за избран градоначалник не те прави градоначалник, тоа е само функција, јас ќе бидам пред се човек со улога на градоначалник. Уште на самиот почеток ви ветив дека ќе го имате најдобриот, најкомпетентниот, најпосветениот, најдостапниот, најодговорниот и најчесниот градоначаник кој ке ви биде другар партнер и поткрепа … сега официјално ве уверувам дека така и ќе биде. Вработените во Општината и мнозинството во Советот ќе бидат сервис на странките и во служба на граѓаните, максимално заложени во насока на релизација на ветените проекти и спроведувањето на надлежностите на општината.

Никој не смее да си поигрува со сопствениот народ, без разлика на сталежна, родова, партиска, верска или друга припадност !”

-напиша на социјалните мрежи Тодорче Николовски- Градоначалник на општина Кратово.

За авторот на оваа статија