“Што покажуваат овие изминати денови на терен?
Уплашен народ кој сака да види искрена и чесна борба за Македонија и во неа да нема политика и политичка партија.
Поделеност околу тоа дали е изгубена Македонија!?
Некои мислат дека се е во готово но многу пак мислат дека Македонија е светост што неможе да се уништи.
Теренската активност покажува потреба од поголема и секојдневна активност во која ќе се споменува Македонија, Аманет, Борба, Јас, Ние…
Нас не ни се потребни водачи , Народот е сам по себеси водачот. Нас ни требат борци.
Македонец за Македонец ,во тешките моменти за Македонија. Орг.Аманет 1903-та Скопје,се бори ,веќе три години . Самостојно без помош од партии и политички активисти .
Борците за Македонската Кауза делуваат ,со 16 организирани протести противу најголемиот ПРЕДАВНИК во Историјата на Македонија и неговата владаечка гарнитура. Со помош на нашите загрозени сограѓани погодени за време на пандемијата на Корона ,проекти кои што ги оставаме во Аманет на идни поколениа, како што е патот во село Кнежје… Во некои нови проекти, потребни ни се партнери и поединци во опшеството кои што ќе ги осознаат проблемите ,а потоа ќе се обврзат да работат заедно со нас,кон промени.
Погледнете и вклучете се,бидејќи единствениот начин со кој на Македонија можеме да и помогнеме е да му дадеме шанса на Македонецот за да се бори за неа.
Сите да дејствуваме заедно под едно Знаме и една парола “МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНЕЦ””
-интегрален текст на соопштението упатено до јавноста на здружението “АМАНЕТ 1903-та Скопје”
Поврзано
Станавме како Кабул на времето но за новинари
Пакети со храна со логото на здружението “Иван Михајлов” и ликот на Цар Борис III се делеа во Битола и во Охрид
ЛАГ Експо 2022 – прв саем за локален развој во државата