Турските безбедносни служби попладнево во Истамбул пронашле и деактивирале експлозивна направа- бомба под полициско возило кое што било дел од обезбедувањето на собирот за поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во градот Сирта на југоистокот на земјата се одржа голем јавен собир на поддржувачи на претседателот Ердоган кој што им се обрати на присутните. Само неколку минути пред почетокот на програмата на собирот безбедносните сили ја откриле и деактивирале направата, со што го спречиле нападот на претседателот Ердоган, Истрагата за овој терористички чин е во тек како што пренесуваат турските медиуми.
Поврзано
Врховниот суд во Њу Јорк пресуди во корист на невакцинираните кои беа отпуштени од работа
Средба на Ковачевски со турскиот претседател Ердоган
Од ова потажно не може: Џо Бајден игнориран во сопствениот дом- Белата куќа