Денеска во просториите на Град Скопје се реализираше средба меѓу Градоначалничката Данела Арсовска и амбасадорот на Полска во Репубвлика Македонија неговата екселенција Војциех Тицињски. На средбата било разговарано за поддршката на Европската Унија и Европската Инвестициска банка и Полската влада кои што партиципираат во поддршката за изградба на пречистителната станица на Скопје. Притоа биле истакнати можностите за продлабочување на соработката на повеќе различни полиња особено на полето на туризмот.
“ На средбата со амбасадорот на Полска Н.Е. Војциех Тицињски, разговаравме за проектите кои се приоритет, поддршката на ЕУ и ЕИБ каде со поддршка партиципира Полска особено за пречистителната станица на Скопје, со посебен осврт на зелената транзиција, подигањето нови мега паркови и активностите што се преземаат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и заштита на животната средина.
Постојат можности за поинтензивна соработка меѓу Градот Скопје и Амбасадата на Полска, особено вo поглед на развој на туризмот во Скопје и зголемување на бројот на туристи од Полска, привлекување странски инвестиции имајќи во предвид дека Полска е единаесети трговски партнер на Македонија.”
-соопшти Данела Арсовска- Градоначалник на Град Скопје.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот