Во текот на вчерашниот ден градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска реализираше работен состанок со претставници на здрженијата „Го сакам Водно“ и „О2“ кои долг временски период работат и се борат за подобрување на состојбата со животната средина во Скопје и заштитата на флората и фауната на планината Водно.
“На средбата со граѓанските здруженија „Го сакам Водно“ и „О2“ разговаравме за заштита на Водно, предизвиците и предлози за нивно трајно решавање.
Итноста на состојбите налага да се донесе Lex specialis закон за Водно, чија рамка е креирана, а во чие финално изготвување ќе учествуваат експерти и претставници на граѓанските здруженија. Важно е да се креира трајно решение со цел оневозможување на понатамошна узурпација на парк-шумата Водно.”
-соопшти во јавноста по остварената средба Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот