Ингеренциите на секоја општина па и градот Скопје во одржувањето на јавната чистота и благопријатна средина за живот не само за луѓето туку и за животните се големи. Вечниот проблем на постоење на улични кучиња, мачки… низ градовите но и сите населени места низ државата е сериозен предизвик за сите досегашни локални власти. Имајки ја во предвид сериозноста на овој проблем потребни е сестрано интерсекторско залагање, знаење значителни ресурси но и политичка волја за негово решавања. Спроведувањето на законските определби во оваа сфера, како и сите други сфери зависи пред се од политиките на раководните структури во надлежните институции.
Поради важноста и приоритетноста на решавањето на овој проблем градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во рамки на нејзините предизборни ветувања и програмски определби, уште на почетокот на нејзиниот мандат се зафати со третирање на оваа материја. Таа во текот на вчерашниот ден оствари работен состанок со претставници на здружението за заштита на животните “Анима Мунди” при што било разговарано за насоките во кој правец поуспешно да се третира овој проблем.

“На денешната средба со претставници од граѓанското здружение за заштита на животните „Анима Мунди“ разговаравме за похумана грижа за бездомните животни во градот. Конструктивните предлози за заштита и благосостојба на животните и изнаоѓање на трајно хумано решение за проблемот со бездомните животни се важни за обезбедување системски решенија.”
-соопшти Данела Арсовска- Градоначалник на Град Скопје. во врска со оваа средба.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот