НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
мај 31, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Средба на градоначалникот Коњановски со претставници на Стопанската комора од Битола

Денеска Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски имаше работна средба со претставници на Стопанската Комора од Битола на која се разговарало за можностите за идни интензивна соработка и начин за остварување на подобри резултати во работата на компаниите.

“Сакам да информирам дека имавме одлична конструктивна средба со претставниците на Стопанската комора од Битола, регионалната единица. Она што го кажав и во предизборието, настојуваме да го спроведеме и на дело. Ова веќе е втора средба, пред некој ден кога ја организиравме оваа средба беа претставници на Стопанската комора и не информираа за начинот на кој ќе се организира средбата и пројавија огромен интерес по што се виде и од бројот на присутните денес.

Не’ запознаа со нивните проблеми, со актуелната состојба, со секојдневните проблеми во работата.

Она што го бараат е отвореност на Општината во поголеми размери, пристапност, и тоа јас им го ветувам и од ова место и веќе така се постапува, од самото доаѓање на новата локална самоуправа. Сето она што го ветивме дека Општината ќе биде сервис на граѓаните, дека ние сме тука да работиме, а не да заработиме, вратата да биде секогаш отворена и достапна. Договоривме вакви средби да се во иднина, тие го искажаа своето задоволство од организација на ваквата средба. Секако средбата беше помогната и во присуство на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски, тука е и нашата пратеничка, советникот Пеце Милески. Ги согледавме сите состојби, ситуациите, укажувањата нивни, и она што можеме да го кажеме од ова место е дека продолжуваме со уште поголем елан од она што ни го укажаа тие, да бидеме нивен сервис и да ги откочиме работите со кои што се соочуваат, проблемите кои се многубројни и кои треба со заедничка работа и заложба да ги откочиме и да одиме понатаму.”

-соопшти Градоначалникот Тони Коњановски по завршување на средбата на која присуствуваше и Претседателот на ВМРО-ДПНЕ Христијан Мицкоски.

За авторот на оваа статија

>