Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов денеска оствари прием на членовите на Боречкиот Клуб Балканец од Штип кој што постигна забалежителен успех на Балканското првенство во Борење кое се одржа во Грција.
Во рамки на средбата Градоначалникот Јорданов се запозна изворно со активностите на клубот со условите во кои работат неговите членови, при што вети реализација на неговите предизборни проекти кои што значат значителна поддршка за сите спортови во Штип, со посебен акцент на борењето како спорт кој што има своја блескава традиција меѓу штипјани.
“Денес остварив средба со борачите од БК Балканец кои се вратија од балканското првенство одржано во Грција, со освоени златни, сребрени и бронзени медали. Развојот и афирмацијата на спортот е високо во мојот фокус и во иднина ќе работам за уште поголемо негово унапредување. Посебен акцент ќе ставиме на борењето, бидејќи Штип е град со голема традиција во овој спорт. Им посакувам на спортистите и во иднина да постигнуваат уште поголеми успеси, а ние како општина ќе бидеме нивни партнер во остварување на овие цели.”
-соопшти Градоначалникот на Штип Иван Јорданов преку социјалните мрежи.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот