Во текот на денешниот ден претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски придружуван со потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски остварија работна средба со пратеничката во Европскиот парламент Марион Валсман и Даниел Браун кој што е официјален претставник на КАС за Македонија.
„Заедно со потпретседателите Aleksandar Nikoloski и Timco Mucunski остваривме средба со Марион Валсман, пратеничка во ЕП и потпретседателка на Заедничкиот парламентарен комитет на Делегацијата на ЕУ во Македонија и Даниел Браун, официјален претставник на КАС за Македонија.
На средбата стана збор за потребата од отпочнување на преговорите на Република Македонија со ЕУ, а тоа може да се случи со тргање на неразумното вето од страна на Бугарија.
Македонија заслужува да биде дел од ЕУ.
На средбата беше потенцирана и одличната соработка која ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата „Конрад Аденауер“, особено придонесот кој Фондацијата го дала низ годините во бројните обуки и помош за партијата, но секако и поддршката и соработката која ВМРО-ДПМНЕ ја има со германската сестринска партија ЦДУ.“
-соопшти Христијан Мицкоски во врска со средбата.
Истакнав и дека Македонија оди во многу лоша насока со владата на СДСМ и ДУИ и дека буквално се тоне во кризи кои не се увезени, туку автентични. Од катастрофалната состојба излез се само предвремени парламентарни избори, кои треба да се случат што побрзо.
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити