“Во рамки на планот за чување и заштита на македонската традиција, предводникот на Каузата Македонец за Македонец Дејан Гавровски, во текот на вчерашниот ден 20.09.2022 година оствари средба со Градоначaлникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.
Конкретни предлози за обострана соработка се ставени во агендата за идните неколку месеци. Општината Илинден е една од ретките Општини во Скопје, која сеуште е доследна на своето и името на својата Земја Република Македонија. Општината е решена да застане како поддршка на Патриотизмот и заштита на македонската традиција,”
-информираат од здружението МАкедонски Аманет.
Македонски Аманет во Општина Илинден, доби усна поддршка за реализација на проекти поврзани како со здружение така и со самата Општина.
Од здружението Македонски Аманет упатија јавна благодарност за одвоеното време и конструктивниот муабет. Заедно членовите на здружението и Градоначалникот се заложија обединети да реализираат убави проекти за општината Илинден.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот