“Голем човек беше. Умен. Малу зборуваше, ама сечеше као нож. Имаше нешто силно ве него, нешто што не може да се запре, да се скрши… А мал човек беше, средно висок, малку дебеличок, со црни остри мустаќи, широки рамења, дебел врат, со црна остра коса. Кога ќе се на лутеше, не збореше, ама од лицето и очите се знаеше колку е лут… Да не му излезеше пред очи тогај… Кога разбрав оти Гоце загинал, бев далеку – во Сандановата чета… Може други, војводите да знаеа, ама ние комитите не…”
Ете така Стојан го памети апостолот на Македонската револуција, како негов современик и содејственик.
Вечно да се слави великанот Гоце Делчев!
Да живее револуционерниот дух!
Да живее Македонија!
Охрабри го светот
Поврзано
Јонче Христовски е бележит репрезент на душата на Македонскиот народ. Горди сме што го има(в)ме
На денешен ден во 1865, прилепско е роден Македонскиот револуционер Ѓорче Петров
Македонска бесмртност: Тешкото- оро за тешкиот живот и надежта за подобра иднина на овој народ