НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 4, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Суштинската причина зошто навистина треба да има брзи предвремени парламентарни избори

Со констатирањето на оставката на Зоран Заев од страна на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ, започна процедура за внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

.Членовите на партијата ќе го бираат својот иден Претседател на директни и непосредни избори, за потоа резултатите бидат потврдени од страна на Централниот одбор на СДСМ.По тоа новиот Претседател на СДСМ ќе предложи нов Извршен Одбор кој исто така треба да биде потврден од ЦО, кој ќе ја води партијата во наредниот период.

Со оставката на Зоран Заев на претседателската функција во СДСМ тој недвосмислено си поднесе оставка и на премиерската функција во Владата на Илинденска бр.2.Каде е тука политичкиот штос со кој што Зоран Заев прави потег за свртување на расположението на јавноста во функција на опстојувањето на власт на СДСМ?

По убедливиот пораз кој што СДСМ го доживеа на изминатите локални избори, политиките на оваа партија се целосно делегитимирани. Не станува збор за делегитимирање на владата, туку само на СДСМ, Зоран Заев и актуелното најтесно раководство околу него. ДУИ како коалиционен пратнер на СДСМ во владата оствари поволен резултат изразен низ број на гласови на контото на нивните кандидати за градоначалници и советници. Останува само Зоран Заев т.е. неговите политики како најголеми лузери на изминатите локални избори.

Овој пораз не е пораз на личност на Зоран Заев! Овој пораз е пораз на “Заевизмот” како политичка аномалија која што се појави, егзистираше и се бори да опстане на Македонската политичка сцена.

Во тоа декласирање во голема мера помогнаа т.н. фингерпринт апарати за читање на отисок на прст на денот на гласањето. Да не постоеја овие уреди чисто се сомневам дека резултатот на локалните избри ќе беше таков каков што излезе.

Декласирањето на СДСМ од страна на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори е порака која што многу добро ја разбраа ПР стратезите кои што стојат зад политичката номенклатура на СДСМ и кредото на Зоран Заев во изминатите 5 години.

“Заевизмот” на политичката сцена во Македонија се устоличи поради точно дефинирани цели и причини.

Со исклучок на реализацијата на одредбите од договорот меѓу Зоран Заев и Бојко Борисов т.н. Македонско-Бугарски договор останатите цели за кои што беше донесен Зоран Заев на власт во Македонија се реализирани. И сето тоа во името на некаква глобална и регионална геостратешка игра, која гази по се Македонско кое го имаме.

Токму преку овие канали на влијание извира идејата за ова салто кое што го направи Зоран Заев вечерта при соопштувањето на резултатите од вториот круг на локалните избори кога си поднесе оставка на претседателксата функција во СДСМ и Премиерската функција во Владата. Политичката моќ на Зоран Заев беше разнишана со изборниот резултат, но одредбите од договорот за добрососетство со Бугарија остануваат за ратификација во меѓу државните односи меѓу двата балкански соседи.

Со ваков багаж на немање поддршка меѓу граѓаните Зоран Заев не смееше и не можеше да влезе во решавање на последното прашање што остана нереализирано од негова страна поради бугарското вето во декември минатата година за отпочнување на преговорите за Македонија за членство во ЕУ. Вето кое што Бојко Борисов го плати на најскапиот можен начин потоа.

Падот на Зоран Заев од кормилото во СДСМ и Владата значи додавање на нова енергија на “Заевизмот” во неговиот поход на штета против националните интереси на Македонскиот народ. Дополнително овој негов навидум доброволен пад преку оставка значи обезбедување на неговото повлекување од политиката што побезболно и со помали последици.

Оставката на Зоран Заев не е негова лична желба, морален чин или возвишено чувство ан одговорност. Оставката на Зоран Заев е стратешки потег на неговите политички патрони кои не можат овеќе да ја трпат неговата неспособност обвиткана во корупција.

Процесот на трошење на над 20 милијарди евра во изминатите 4 години од државниот Буџет на Македонија во себе ги крие мотивите за штетните одлуки донесени од страна на Зоран Заев по однос на Македонскиот национален идентитет, изразени низ огромни суми на пари кои заминаа во “непознат правец”. Повлекувањето од политиката на Зоран Заев со неговите неколкумина најблиски соработници е процес кој што под превезот на трубулентните општествено-државни случувања планирано е да го реализира новото раководство на СДСМ далеку од очите на јавноста. Метењето на трагите во снегот ќе го направат добро поткованите политички лисици со нивните омрсени опашки во вакумот на недоделканоста на новите раководни структури и недоволната кадрова екипираност во институциите.

Улогата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во овој процес се чини е строго детерминирана од страна на политичките патрони на Зоран Заев (читај “Заевизмот”) и СДСМ. Прво низ бледиот и неуспешен обид за формирање на ново парламентарно мнозинство кое само допринесе во падот на Зоран Заев но не и на моќта на коалицијата на СДСМ+ДОМ+ЛДП+Демократски Сојуз со ДУИ-ДПА и новиот играч во мнозинството на парламентот политичката партија АЛТЕРНАТИВА, а потоа и низ сервилната политика на конструктивна опозиција во парламентот.

Зоран Заев уште пред да го почне својот премиерски мандат во 2017 година беше истрошен политичар со голем број на коруптивни појави околу него. После 4 години ваквиот негов статус продолжува да “блеска” и понатаму.

Суштината на политичките разврски е токму во постоењето на “Заевизмот” како процес кој што не е измислен од самиот Зоран Заев, ниту било кој друг политичар во Македонија.

“Заевизмот” е континуитет на Македонската голгота од памтивек до ден денес.

“Заевизмот” како политички процес се состои од оние појави, влијанија и контролирани текови на општествените процеси низ историјата со кои вистината за Македонија пополека се убива. Тој процес во моментот се врзува за Зоран Заев, но ќе продолжи да опстојува и под други имиња во иднина.

На нас, на Македонскиот народ како горди следбеници на Македонската Вистина, ни остануваат две можности:

-Да го проследиме устоличувањето на идниот водач на “Заевизмот” и со зборовен сеир да бидеме вербални “револуционери” преку нашите тастатури или,

-Да превземеме нешто суштнско со кое што ќе ги скратиме пипците на овој отровен октопод кој што го цица со децении и векови Македонскиот национален идентитет и ткиво.

Во 2020 година Македонските граѓани гласаа во голема мера со поддршка на партиите од актуелното парламентарно мнозинство преточена низ број на пратеници од погоре споменатите партии.

Гласаа за Никола Димитров и Мила Царовска, за Оливер Спасовски и Сања Лукаревска, за Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска, за Зоран Заев и Соња Мираковска, за Радмила Шеќеринска и Јован Митрески, за Биљал Касами и Фаница Николоска, чии што кандидатски листи на пратеници освоија најголем број на пратенички мандати во парламентот.

Во декември 2021 година кој од овие носители на кандидатски листи не е дискредитиран лик во очи на Македонската јавност?

Наместо овие функционери на коалицијата Можеме, во министерските фотелји на владата со промената на раководството на СДСМ ќе се устоличат нови ликови кои што народот во голем дел не ги познава и воопшто не им дал поддршка на избори.

Таа влада има само една цел: Да го затвори Македонско-Бугарскиот договор, ПО БИЛО КОЈА ЦЕНА!

Токму затоа за излегување во пресрет на потенцијалната одлука на оваа нелегитимна и ненародна влада во најава од страна на волјата на мнозинството македонски граѓани се потребни брзи предвремени парламентарни избори кои што ќе дадат легитимитет на идната влада, за која се надевам ќе има поголем сенс за Македонските национални интереси.

Пишува: Кирчо Анастасов

За авторот на оваа статија

>