НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
7 децембра, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Свети Николе ќе добие нова противпожарна станица до крај на јуни 2022 година

Продолжува изградбата на новата територијална противпожарна станица во Свети Николе. Врз основа на склучен Договор за соработка меѓу општина Свети Николе и Амбасадата на САД во Република Македонија во 2020 година во најкус можен рок ќе продолжи и ќе финишира изградбата на овој значаен инфраструктурен проект за жителите на Свети Николе но и поширокиот регион.

Денеска на средба со претставниците на Амбасадата и фирмата- изведувач Градоначалникот на општина Свети Николе го актуелизираше ова прашање кое што од непознати причини се пролонгирало во изминатиот период.

„Остваривме средба со претставници од Американската амбасада и изведувачот кој треба да ја изгради противпожарната станица финансирана од оваа амбасада. Изградбата беше застаната цели 6 месеци од непознати причини, но добивме уверување дека до јуни 2022 година ќе биде завршена.“

-соошти Дејан Владев- Градоначалник на општина Свети Николе во врска со денешната средба во јавноста.

Вредноста на градежните активности е во износ од 450.000 долари, а парични средства се добиени како грант од Американската амбасада и Инжинерската команда на морнаричките сили на САД (НАВФАК)

За авторот на оваа статија