НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 19, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Свлечиштата на патиштата во источна Македонија- сериозен предизвик за надлежните власти

Пренеси ја вистината

На автопатот Штип- Скопје кој што секојдневно го поминуваат огромен број на граѓани од цела Источна Македонија, оваа страшна слика стана секојдневие.

Новиот потпорен ѕид кој што е изграден не така одамна кај клучката кај Коњари под налет на товарот за кој што треба да е проектиран и изграден за да го спречува да се лизга врз коловозот, се сруши. Вакви импровизации во градежништвото се чини дека се реалност само во МАкедонија и на ниедно друго место.

На ваков ли начин заслужуваат граѓаните да се трошат нивните пари?!

Која е причината за рушењето на овој бетонски ѕид треба надлежните органи во државата да си постават прашање а богами и да дадат одговор во јавноста поради тоа што за овој автопат е потрошено огромни суми на пари на граѓаните.

Дополнително истите тие надлежни во централната власт во државата под чија надлежност е управувањето и одржувањето на овој автопат треба многу побргу да реагираат во санацијата на ова свлечиште од причини што истото може да се продолжи и да предизвика отсекување на целата коловозна лента на автопатот.

Оваа хорор реалност секојдневно се испречува пред очите на возачите од цела источна Македонија претставувајки сериозна опасност за сите.

Но ваквиот случај не е единствен во нашава држава. Дополнително свлечиштето на патот Кочани-Истибања-Македонска Каменица веќе фати свои “корени” 5 година по ред врз асфалтната површина која некогаш беше пат а сега е галерија на ужасот. Властите во немоќ да го санираат свлечиштето на овој потег над патот, во текот на оваа година изградија заобиколен пат околу свлечиштето, наспроти сите здраворазумски патни решенија кои постојат во науката за градење на автопатишта во светот.

Надлежноста за решавање на овој проблем најмногу лежи кај Министерот за транспорт и врски Благој Боџварски, но одговорноста е и на цела владеачката гарнитура, поради интерсекторската поврзаност на надлежности во Владата.

Вака Благој Бочварски ги лажеше граѓаните на Источна Македонија во 2016 година пред Предвремените парламентарни избори кога требаше Зоран Заев да биде устоличен на власт во Македонија:

Пет години после оваа изјава на Благој Бочварски состојбата само се влошува. Сликата до ден денес не е променета со ова свлечиште.

До кога жителите на Источна Македонија ќе возат слалом низ свлечиштата низ истокот на државата?

За авторот на оваа статија