НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 22, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Тажна приказна за чувствата на едно куче кон неговиот сопственик

Од 2006 година кучето по име Кипитан спие на гробот на својот сопственик секоја ноќ. Неговиот сопственик Мигел Газман починал таа година по што Капитан исчезнал од домот кратко по погребната церемонија на сопственикот. Семејството насекаде го барале Капитан, залепиле и флаери низ местото, но никој не го забележал кучето низ улиците на градот.

Една недела подоцна некои луѓе кои подоцна вечерта биле на гробиштата го забележале Капитан како лежи на еден од гробовите по што го известиле службеникот кој ги надгледувал грбиштата. Тој го контактирал семејството по што тие дошле да си го земат кучето, Но секоја ноќ кучето завивало и панично гребело по влезната врата на нивниот дом за да излезе надвор. Го пуштиле кучето надвор по што Капитан заминал надвор од дворот. Се вратил наредното утро изутрина. Подоцна семејството открило дека Капитан секоја вечер трча околу 4 км кон градските гробишта за да го чува гробот на својот сопственик во текот на ноќта за потоа рано утрото да се врати во домот. Тоа се случувало долги години по смртта на неговиот сопственик.

Службеникот на гробиштата не ја затворал влезната порта на гробиптата додека Капитан не дојде да го чува гробот на својот господар, што се случувале секое попладне околу 18 часот. Секое утро кога службеникот ја отварал портата на гробиштата кучето заминувало во својот дом.

Оваа фотографија е од Капитан како лежи на гробот на својот сопственик.

За авторот на оваа статија