НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 9, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

ТЕЧЕ ИСПОРАКАТА НА МАЗУТ ВО ТЕЦ НЕГОТИНО, ПРОИЗВОДСТВОТО ЌЕ ПОЧНЕ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

Се полнат складиштата на мазут во ТЕЦ Неготино со количини за стартување на термоцентралата и континуирано производство на електрична енергија во следниот период. Мазутот се доставува со секојдневна динамика според пресметките на капацитетот за прием. Заеднички увид во подготовките на термоцентралата извршија генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, генералниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и членови на управните одбори на двете акционерски друштва. ТЕЦ Неготино, како државна електрана, има статус на ,,ладна резерва” во електро-енергетскиот систем и од страна на вработените се одржува во состојба на готовност. ТЕЦ Неготино сега се вклучува во услови на глобална енергетска криза и енормен раст на цената на електричната енергија, поради кои околности производната цена на оваа термоцентрала, која во нормални околности беше висока, сега е пониска од цената на берзите.

Извор: Фејсбук

За авторот на оваа статија

>