Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција го прозваа премиерот Димитар Ковачевски и владеачката СДСМ за попустливиот однос кон странски центри на моќ од соседните држави во однос на Македонскиот национален идентитет.
Ивица Томовски кој што е член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ од прес центарот од централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ реагираше во јавноста за постапките на Димитр Ковачевски како и неговиот претходник Зоран Заев кои што како шега ги доживуваа негаторскиот однос и потсмевање на Еди Рама во рамки на официјални средби на највисоко ниво во минатото.
Во продолжение интегрален текст и видео од прес конференцијата на Томовски:
“Последниот скандал во низата понижувања на премиерот Ковачевски покажува дека понижувањата се систем и начин на однесување кога станува збор за власта на СДСМ,
-И скандалот со прифаќањето на провокацијата за ословување на Македонија како Западна Бугарија, не е прв испад на државниот врв. Однесувањето на подвиткана кичма кое го започна Зоран Заев успешно го продолжува Димитар Ковачевски.
Впрочем предавствата и понижувањата е единствената работа која со успех ја прави оваа влада, наспроти поразите, инфлацијата и сиромаштијата.
Погледнете го ова видео како македонските премиери Заев и Ковачевски одобруваат дека македонскиот јазик бил бугарски, дека Македонија наводно била Западна Бугарија и како со омаловажување се однесува регионот кон луѓе без кичма како Ковачевски и Заев.
Кога Ковачевски без проблем прифаќа дека Македонија е Западна Бугарија можете да замислите што се прифаќа на зелена маса кога преговара со Бугарија.
Кога вака се однесува кога ја понижуваат државата и народот, можете да замислите што се прави кога нема камери.
Ковачевски е компромитиран и нема никаков кредибилет веќе да преговара со Бугарија. Тој прифати, се смее и не реагира на наводите дека Македонија била Западна Бугарија.
За нив ова е смеа а за македонскиот народ и граѓани патење и понижување.
Бараме итно Ковачевски да се тргне од преговорите со Бугарија бидејќи ја понижува државата, да си даде оставка и да се извини на граѓаните на Македонија поради огромниот скандал.
Со секој поминат ден Македонија го пробива дното со оваа власт.
Толку од почитта, толку од меинстрим политичарите на СДСМ.
Ваков блам не смее да биде премолчен, “
-рече Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Поврзано
Лозарите во тиквешијата трпат огромни штети од нефинкционалноста на системот за водоснабдување
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари