НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 18, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

ТППЕ Виница доби ново противпожарно возило

Пренеси ја вистината

Денеска градоначалниот на општина Виница Миле Петков во јавноста информираше за реализираната соработка на меѓунроден план меѓу општината Виница и Доброволното противпожарно друштво САВА од општина Литија од Словенија.

Во рамки на соработката општина Виница успеа да обеззбеди ново противпожарно возило за потребите на ТППЕ Виница со целосна опрема за справување со потенцијалните пожри во општината.

“Предизборните ветувања ги реализираме!

Како едно од приоритетните проекти за Виница во предизборната програма „Гарантираме“ беше и набавка противпожарно возило и опрема за потребите на ТППЕ Виница се’ со цел за подобрување на техничката опременост на противпожарната служба, а со тоа и зголемување на безбедноста на граѓаните во Општина Виница.

Денес потпишав Договор за донација помеѓу Општина Виница и Доброволното противпожарно здружение САВА од Општина Литија-Република Словенија со кој ДПЗ Сава на нашата општина донираше противпожарно моторно возило „Mercedes Benz Sprinter 416CDI 4×4″ и противпожарна опрема за вработените во ТППЕ Виница.

Сакам јавно да ја искажам мојата благодарност на нашите пријатели од ДПЗ Сава од Општина Литија за оваа донација, на командирот на ТППЕ Виница Станко Спасов и сите останати кои со својот несебичен ангажман помогнаа за набавката на ова возило.

Ова возило ќе биде од особено значање за потребите на ТППЕ Виница и особено ќе се користи за брзи интервенции во урбаните подрачја, но и за брзи интервенции за населените места, за потесни улици и понепристапен терен.

Овде нема да застанеме во подобрување на техничката опременост на противпожарната служба, работиме на дополнително подобрување на возниот парк на ТППЕ Виница и набавка на опрема за вработените.”

-информираше градоначалникот Миле Петков во оваа пригода.

За авторот на оваа статија