Како братски по јазик народи, двете држави за жал, го пребродуваат скоро истото уништувачко по нив сценарио, креирано однадвор .И двете држави после распаѓањето на Советскиот Сојуз и Југославија , го одбраа патот на “независни “ уредувања со желба за приклучување на ЕУ и НАТО. Ако во почетокот на векот и разбирливо беше ваквиот избор, сепак со текот на времето и настаните кои се случуваат меѓувреме го изменуваат постепено тој “без алтернативен “ правец особено кај освестените Македонци .Мајдан 2014 и шарената револуција, се предвесници и во Македонија. Скоро исто сценарио, ист нарачател а се со цел опкружување на обрачот околу вечниот непријател на нарачателот. Сите акции во најразлична форма се превземени токму кон таа цел и секако професионално до милиметар предвидени и реализирани.
“Блискоста”на двете држави е во успешната шарено соросоидна револуција направена во нивните редови . Пучот на Мајдан и оној од 27 април 2017 се формите на инсталирање на погодни и послушни “влади” со единствена употребна цел за реализација на потребите на оној кој ги создал.Кај едните по мирен пат а кај другите за жал во поагресивна форма. (Мајдан, Одеса, Луганск…)
За разликите пак меѓу овие држави , повеќе треба да се барат во степенот на “воинственоста” и спремноста за реакција.Би се задржал на неколку моменти како жив сведок од настаните .Настаните во Македонија од 2016 година па наваму, беа сведоци на воглавно реализација на скоро сите мерки на инсталираната фашизоидна квинслишка власт без некој посебен голем Отпор. Секако дека одредени национално освестени сили се јавија и правеа и блокираа толку колку што беше во нивната моќ. Да речеме отприлика околу 5000-10000 Македонци спремни за акција и толку.Скоро сите парламентарни партии се со иста стратешка надворешна про ЕУ и Нато агенда и така размислуваат за во иднина . За протестите на Македонците во светот , ако до 2016 година се настапуваше заеднички , после 27 ми април настана расцеп и еден дел од “Македонците “ со предзнак северни целосно се изолираа од настаните.Тој тренд на изолирање продолжи ( ува) и понатаму имајќи ги во предвид различните партиски припадности кај одредени групи.
За разлика од нас Македонците , Украинците па и други народи единствени протестираат за нивната национална кауза.Вчера на манифестациите во Женева, Берн и други градови, сплотени и единствени ги бранеа нивните национални права и беа единствени кон нивниот “непријател”. Иако мислам дека и тие самите се во заблуда во однос кој навистина им е непријател или пак пријател, сепак воодушевува нивната сплотеност, жар за одбрана на земјата. Многу млади момчиња, девојчиња, облечени во свои традиционални носии, свесни за нивната посебност и гордост како Украинци. Никако не се забележува предзнак на партија или водач. Борбата им е Украина. Тоа е огромната разлика меѓу Македонецот и Украинецот, едни раскарани по партии, другите сплотени во каузата иако заеднички им е нивниот видлив и невидлив непријател , Нато и САД .За НАТО, САД и ЕУ пак во друга можност.
Пишува: Драган Стоиловски
Член на Координативното тело на Македонците во Европа
Поврзано
Ана Дукоска за 27 април: Сметам дека се неправедно осудени и дека се политички затвореници
Македонската Заедница во С.Р.Германија со голема огорченост и незадоволство ги отфрлува и негира резултатите од пописот
Координативно тело на Мaкедонците во Европа: Анализа на резултатите од пописот, односно отписот