На 127 седница на Владата на Република МАкедонија беше донесена одлука за прогласување на Малешевскиот микро регион за заштитено подрачје- заштитен предел од петта категорија. Ваквиот епилог со оваа одлука следува по повеќегодишните напори на поголем број на партиципиенти во овој процес да се воспостави контролен механизам за заштита на природните вредности кои што во себе ги кријат Малешевските планини во крајниот исток на Македонија.
Еден од тие чинители во процесот се и луѓето од Програмата за зачувување на природата во Македонија naslovena kako Со грижа до бериќет. Овааа програма е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која има за цел да и помогне на Република Македонија во зачувување на големата биолошка разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо користење и управување.

“ Малешево прогласено за заштитено подрачје – Заштитен Предел.
Со одлука на Владата на Република
Северна Македонија на 127 седница, дел од Малешево станува заштитетно подрачје во категорија V – заштитен предел.
Долгогодишните истражувања на природните вредности во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), примената на швајцарското искуство во вакви процеси, како и примената на партиципативен пристап со различни релевантни чинители придонесоа кон успешноста на овој процес.
Присуството на бројни меѓународно и национално значајни видови и живеалишта, значајни локалитети од аспект на геодиверзитетот, културното наследство како и вековната интеракција помеѓу човекот и природата која резултирала со појава на значајна пределска разновидност, го прават Малешево особено вредно за зачувување. Согласно одлуката на Владата, ЈП „Национални Шуми“ интегрирано ќе управува со заштитеното подрачје Малешево, а ПЗП ќе обезбеди дополнителна поддршка при изработката на Планот за управување и зајакнување на капацитетите на телото.
Процесот за прогласување на Малешево за заштитено подрачје се води во рамки на Програмата за зачувување на природата (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од Фармахем од Скопје. Локалната експертиза во процесот е на Македонското Еколошко Друштво – МЕД, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање – МЖСПП и целните општини Берово и Пехчево.
#CHinMKEmbassy of Switzerland in North MacedoniaМЕД/MESМинистерство за животна средина / Ministria e Mjedisit Jetësor ЈП Национални шуми Општина БеровоОпштина Пехчево“
-стои во известувањето на програмата за овој успех на сите вклучени страни во процесот.
Од Швајцарската во Македонија во Република Мaкедонија во јавноста упатија и свое соопштение чија што содржина ја пренесуваме во продолжение:

“Малешево е официјално заштитен предел !
Владата на го прогласи Малешево во категорија V – заштитен предел и го препозна неговото природно, еколошко и културно наследство!Малешево како новопрогласен заштитен предел заедно со Осоговските Планини придонесуваат за зголемување на територијата на државата под заштита.
поддржаната Програма за зачувување на природата Со грижа до бериќет е горда што долги години придонесе за ова патување.Заедно со сите
чинители
ќе продолжи со унапредување на напорите за интегрирано управување со Малешево за да се овозможи заштита на пејзажните карактеристики, долгорочно и одржливо користење на природните ресурси и достигнување на локално и национално социо-економски придобивки.
Од интерес на граѓаните на поширокиот регион Пијанец-Малеш кој што претставува своевидна неразделна географска целина е ваквиот процес да продолжи да се имплементира и во пијанечката котлина дефинирана од двете страни со планините Голак и Влаина, чии што природни вредности отскокнуваат од просекот на останати гео-морфолошки и природни целини во државата.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот