„Новата инвестиција за која денеска сме овде ќе биде вредна 30 милиони евра, a новиот производствен капацитет ќе биде пополнет со уште најмалку 100 нови работни места. Ова е можност за младите, бидејќи компаниите со европски и светски стандарди отвораат работни позиции и за висококвалификувани кадри”, рече премиерот Димитар Ковачевски по повод новата заедничка инвестиција YFA Аутомотив помеѓу двете компании Јангфенг и АРЦ Аутомотив во ТИРЗ Скопје 1.
Премиерот Ковачевски истакна дека креирањето добри економски политики и услови за компаниите значи директно вложување и во квалитетот на животот на работниците.
„Кога направивме обиколка на погоните видов многу енергија и ентузијазам кај вработените во фабриката. Ова особено ме радува затоа што тие се моторот на економијата и без нивната посветена работа едноставно нема напредок. Поздрав и до тројца мои бивши колеги со кои во 2003 година работевме заедно и кога ќе ги видам тука знам дека оваа фабрика ќе биде успешна бидејќи се работи за тројца врвни менаџери. Добрите услови за работа, квалитетните инвестиции како оваа овде, посветеноста на зголемувањето на платите, но и добри услуги кои ги нуди државата, се предуслов за среќни и продуктивни работници”, рече премиерот Ковачевски истакнувајќи ја важноста на јасна стратегија и добар пристап во привлекување странски инвестиции, особено во време на криза.
Поврзано
Лозарите во тиквешијата трпат огромни штети од нефинкционалноста на системот за водоснабдување
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари