НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 22, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Виктор Паунов: За време на поплавите немавме никаква помош од ЦУК

Градоначалникот на општина Карбинци од состанокот со останатите градоначалници чии што општини беа погодени од поплавите пред неколку денови соопшти во јавност за штетите од поплавите но и напорите на општината Карбинци со сопствени сили да се бори против водената стихија и штетите кои ги предизвикала.

Под налетот на надојдената вода на реката Брегалница попуштил и дел од мостот кај селото Долни Балван, кој што е особено важен за секојдневно функционирање на жителите. Еден од столбовите на мостот бил изместен од својата проектирана положба со што е предизвикана локална нестабилност на самиот мост. Ваквото нарушување на статиката на мостот не е дозволено и потребно е од страна на надлежните да се утврдат причините за поместувањето на столбот и во најбрз можен рок да се санира состојбата, со што би се гарантирала безбедноста на граѓаните кои минуваат по мостот.

“Поради зголемениот водотек на реката Брегалница кај село Долни Балван се случи попуштање на мостот, односно еден од столбовите е видно попуштен. Она кое што можеме да го констатираме на лице место е дека истиот ден преземавме активности за отстранување на паднатите дрвја кои што ги донела реката со сопствени ресурси, и навистина со маки како општина Карбинци и ЈП Плачковица сами ги отстранивме.

-Она што интервениравме и се обидовме да ги известиме ЦУК и Противпожарната подрачна единица, но од таа страна немавме никаква интервенција и помош. Она што на крај резултираше е што се успешно се заврши отстранувањето и навистина со помош на сопствената механизација и сопствените ресурси на ЈКП Плачковица.

Во однос на мостот веќе го правиме оној увид и за краток период ќе го добиеме извештајот од што е навистина предизвикана штетата, дали е само од овие наноси или е од некоја друга природа и во следна фаза ќе преземеме иницијатива за итно проектирање за санација на мостот и обезбедување на средства за реализација на истиот.”

– изјави за јавноста денеска Виктор Паунов, градоначалник на Општина Карбинци.

За авторот на оваа статија