НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
март 29, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Владата предводена од СДСМ обезбедува подобрување на животниот стандард на граѓаните, велат од СДСМ

Пренеси ја вистината

“Владата предводена од СДСМ обезбедува постојан раст на платите за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Минималната плата ја зголемивме двојно, со што месечните примања за над 80 илјади граѓани изнесуваат 18 илјади денари што е за околу 10.000 денари повеќе од 2012 година во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Континуиран раст на платите е обебзеден и за наставниците, вработените во здравство и во градинките.

Платите на наставниците во последните 4 години ги зголемивме за над 2.000 денари, додека претходната власт во период од 7 години ги зголеми за само 850 денари.

Вработените во градинките со новиот систем за плати добија зголемување од 21% што е најголемо до сега, а воведен е и кариерен развој. Зголемување од 5 % имаше и за вработените во здравство.

Дополнително со законските измени кои токму ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието се гарантира континуиран раст на наставничките плати согласно растот на мини малната плата.

Со истиот закон се предвидува трајно решавање на 4.700 вработувања на наставниците од определено на неопределено време како и унапредување на нивниот статус.

Покачување на платите добија и вработените од високообразовните установи.

Со потпишувањето на Колективен договор за високо образование, за прв пат беше постигнато зголемување во просек за 10% кое започна да се пресметува со минатата септемвриска плата.

Владата предводена од СДСМ постојано работи на обезбедување подобар живот и повисок стандард на сите граѓани.”

-Интегрален текст на соопштение на владеачката СДСМ

За авторот на оваа статија