НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
7 децембра, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

ВМРО-ДПМНЕ ја обезвредни и распродаде АД Славија, а сега шири лаги, реагираат од СДСМ

Откако портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски денеска на прес конгференција ја прозва централната власт за намерата да го продаде државниот гигант АД Славија за нешто помалку од 220 илјади евра квалификувајки ја како „еден од најбруталните, најбесрамните и најбескурпулозните грабежи на државен имот“, со своја реакција во јавноста се обратија од СДСМ:

„ВМРО-ДПМНЕ шири невистини.

Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ го обезвредни и раскрчми имотот на АД Славија.

Од 2012 до 2017 година токму ВМРО ДПМНЕ со тајни зделки и зад затворени врати распродала над 70% од имотот на АД Славија, со што уште повеќе ја намалила вредноста на компанијата.

Според проценката направена во 2012 година компанијата имала долг од 17 милиони евра, што значи дека уште тогаш нејзината вредност била најмногу три милиони евра.

Со тајна продажба, зад затворени врати е оштетена компанијата и државата, бидејќи по неповлни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денеска се сопственост на приватни компании.

Наместо да шири дезинформации ВМРО-ДПМНЕ треба да се пријави за купување на АД Славија и да ги преземе долговите во компанијата направени токму од ВМРО-ДПМНЕ.“

Стои во соопштението за јавност – реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ.

За авторот на оваа статија