Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев во текот на вчерашниот ден оствари работен состанок со членовите на комисијата за отварање на нови гранични премини на Македонија со соседните држави.
На состанокот се разговарало за идните чекори за реализација на граничниот премин Пуљевац, по што се изврши посета на теренот Мајден – Пуљевац и се разгледуваа патната инфраструктура и теренските услови.
“Следната средба е закажана за две недели, кога ќе се сретнат експертските тимови на двете држави Македонија и Грција, со цел забрзување на процесот за отварање на овој граничен премин.”
-соопшти Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот