НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 21, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Во Сарај Градоначалничката Данела Арсовска учествуваше на еколошка акција

Во текот на денешниот ден Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска беше дел од учесниците на еколошката акција за зазеленување на Сарај.

Градоначалничката Арсовска развојот и збогатувањето на градското зеленило на територијата на цел град Скопје го има високо во својата агенда на приоритети, така што со нејзините лични вакви акции придонесува кон промоцијата на вакви активности кај пошироката јавност не само во Скопје.

Во рамки на акцијата учествуваа и советници од Град Скопје и се реализираа активности за чистење на повеќе различни локации.

” Еколошка акција за зазеленување во Сарај со советниците на Град Скопје

Денес учествувавме во еколошка акција за зазеленување на Сарај и со советниците посетивме повеќе локации каде се реализираа акции за чистење.

Во соработка со дел од членовите на советот на Град Скопје и општина Сарај, разговаравме за подобрување на меѓусебната координацијата со цел зголемување на ефикасноста во работењето. Се разменија мислења и идеи за проекти, а се дадоа и предлози за подобро заедничко дејствување и меѓуопштинска соработка.”

-соопшти Данела Арсовска- Градоначалник на Град Скопје.

За авторот на оваа статија