Градоначалникот на општина Велес Марко Колев во текот на денешниот ден присуствуваше на интерактивната обука насловена „Дислексијата во училницата – стратегии и алатки“ во организација на Општина Велес и Здруижението за дислексија Ајнштајн.
„Во тек е првата интерактивна обука на тема „Дислексијата во училницата – стратегии и алатки“ во организација на Општина Велес и Здружение за дислексија Ајнштајн. Со оваа обука се опфатени наставниците од второ одделение и стручните служби од сите училишта во Општина Велес.
Дислексијата е состојба која предизвикува потешкотии во читањето и околу 10-15% од децата во Македонија се соочуваат со неа, а не ретко се и дискриминирани без да знаат зошто.
Токму затоа, како градоначалник, но пред се како човек кој има дислексија, се обврзав дека Општина Велес ќе биде првата општина од која ќе започнат промените за подигање на свеста и едукација на наставниот кадар. Промените продолжуваат!“
-соопшти Градоначалникот на Велес Марко Колев/
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот