НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
мај 31, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Во Виница Буџетот се креира во соработка со Месните и Урбаните заедници

Крајот на календарската година подразбира и креирање на Буџетите на општините за наредната календарска година.

Согласно програмските определби на градоначалникот на Виница Миле Петков, креирањето на Буџетот за 2022 година е во тесна соработка со граѓаните на општината.

Покрај предвидените проекти за реализација ветени пред изборите, во идниот Буџет на општината ќе најдат место и приоритетите на Месните и Урбаните заедници во Виница, со што се придодава една граѓанска рамка на работењето на Градоначалникот, но и сите локални институции во Виница.

Денеска Градоначалникот Миле Петков реализираше работен состанок со претставниците на Месните и Урбаните заедници на кој што беа дискутирани предизвиците со кои се соочуваат самите жители во нивните места на живеење како и приоритетите за реализација за наредната 2022 година изразени преку буџетски сретства согласно можностите на општинската администрација.

“Денес одржав состанок со претседателите и преставници на Месните заедници од општина Виница во пресрет на креирањето на Буџетот на општината за 2022 година.Дневен ред за работата на состанокот, беше и планот за активности за наредната 2022 година и разгледување на тековни проблеми, со кои се соочуваат граѓаните во населените места.И понатаму во иднина ќе работиме заедно во креирањето и исполнувањето на стратешките цели и приоритети, бидејќи интересите на граѓаните ни се во преден план.”

-соопшти Миле Петков -градоначалник на Виница во врска со овој состанок.

За авторот на оваа статија

>