Врховниот суд на државата Њу Јорк во САД ги врати на работа сите вработени кои што беа отпуштени од своето работно место поради тоа што беа невакцинирани, со образложеие дека нивните права биле нарушени. Притоа Врховниот суд нареди ретроградна исплaта на сите плати кои овие вработени ги загубиле поради отказот.
Судот во понеделникот утврди дека “вакцинацијата не спречува поединец да се зарази или да биде носител на Ковид 19”. На почетокот на календарскаа година градоачалникот на Њу Јорк Ерик Адамс тврдеше дека неговата администрација нема повторно да ги вработи отпуштените вработени кои што ја немаат примено вакцината против Ковид 19, што било причина за нивниот отказ.
Само во Њу Јорк беа отпуштени околу 1400 вработени поради тоа што не биле вакцинирани. Многумина од отпуштените биле пожарникари и полицајци.
Ваквата одлука на Врховниот Суд доаѓа по ослободувањето од вакцина на спортистите и одредена група на изведувачи од страна на градоначалникот на Њу Јорк.
Поврзано
Средба на Ковачевски со турскиот претседател Ердоган
Од ова потажно не може: Џо Бајден игнориран во сопствениот дом- Белата куќа
Глобален медиумски потрес: Елон Маск стана мнозински сопственик на Твитер