НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 25, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Vulgar display of power на Пантера наполни 30 години

Пренеси ја вистината

За сите оние “метални глави” кои што кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век растеа со музиката на Пантера, ова е убава можност да се потсетиме на музиката застапена на шестиот студиски албум на светски познатиот метал состав од Тексас.

“Вулгарно прикажување на сила” (анг. Vulgar Display of power) според многу од фановите на музиката на Пaнтера е најметалскиот албум кој што во себе ги соддржи најдобрите и најмоќни металски рифови некогаш отсвирени во метал музиката.

Албумет е снимен на 25 февруари 1992 година во продукција на Тери Дејт на кој што ова му беше втора соработка со бендот по успешната соработка на албумот Каубојци од пеколот (анг. Cowboys from hell) во 1990 година. Овој албум е најпродаваниот албум на бендот и е класифициран како двојно платинест албум. Според многу музички критичари Vulgar display of power е највлијателниот хеви метал албум на 90-тите години од минатиот век.

Музичкиот магазин Ролинг Стоун Vulgar display of power го рангираше на 10-тото место на нивната листа на 100 највлијателни метал албуми на сите времиња.

Песните како “Mouth for War”, “A New Level”, “Walk”, “Fucking Hostile”, и “This Love” едноставно се песни кои што се врежани во светската метал култура длабоко до темел што претставуваат неповторливо метал искуство кое задолжително секој нов металец мора да го доживее.

За авторот на оваа статија