НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
февруари 28, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

За континуитетот на Македонскиот идентитет од Александар III Македонски до денес

Пренеси ја вистината

Патеписот на Есприт-Мари Кузинери од 1816 год., започнува со зборовите: – „Македонија толку славна со спомените на Филип и Александар, толку несреќна за време на римското владеење, понижена под Бугарите и најпосле уште толку понижена под отоманскиот меч, денес претставува само пустош кој зад себе го влече фанатизмот, незнаењето и деспотизмот.” (Voyage dans la Macedoine I, Paris, 1831, Esprit Marie Cousinery, стр. 11.)

Продолжуваме со патепис од непознат француски автор од 1807 година, кој вели: – „Видовме една кула и рушевини, за коишто побаравме повеќе податоци. Месните жители му ги припишуваат на Александар. Клетата раја во Македонија сè уште ги воспева подвизите на завојувачот на Персија и Индија.” („Френски патеписи за Балканите 19 в.” составено и уредено од Бистра Цветкова, Софија, 1981, преземено од “Archives de l’armee de terre”, со сигнатура МР 1618, 17.)

И рускиот фолклорист-патеписец Виктор Григорович има слични забелешки: – „Кстати здесь пересказать, что знаю о народных преданиях, подслушанных мною во время путешествия. Во всех виденных странах я не слыхал других имен, кроме Александра В. и Марко-кралиевича. Тот и другой живут в памяти у народа в весьма общих образах. Память об Александре В., кажется, внушена более народу…” (Виктор Григорович: “Очеркъ путешествія по Европейской Турціи”, 1848)

-Извор: ВИДИ ВИДИ

За авторот на оваа статија