НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 30, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

За оние со празни животи

,,Беден е оној кој мора некого да понижи, за себеси да се издигне”!

-Иво А.

Ни Иво не бил свесен за систематската селекција на елиминација пред толку години…нејсе, истото е и денес. Наместо да се занимаваат со трач рубрики, кафиња на квадрат и зомби живеачка, да почнеа да земаат редовни средни, изучени дипломи и желба за работа, за труд, за идеализам нема да зборувам бидејќи се лажни, како патриоти, така и добри сограѓани. А има ли нешто поарно од арен комшија, арен родител, арен сопатник, арен државник??

Ваквите социопати се стравот во општеството…како би кажал Меша Селимовиќ, УЛИЗИЦИ!!

Шпиони, контрабанда, замислени и умислени а немушти без концепт за образование…ама поддржани и црпнати од улица, од нива, од некое партиско ќоше, од лоша генетика, од мрсул фамилија…Силни на реч а плашливи на јаве…да ги плукнеш ќе кородираат, ќе оксидираат, ќе ти ‘зарѓаат како урина неизветреана… Ваквите се срамот на општеството а не лик на концепт или шпанска засрамена… И наместо да ги бараме децата и причините за нивното бегање, буквално летање оттука, ние шанса на ваквите ли ќе даваме? Ќе не биде, Да, кога ќе решиме елементарни позиции и квазипатриоти, кога квазиинтелектуалците нема да ги гледам во 19 како аналитичари, кога ќе бидеме опкружени со воркохолици а не со умствени врколаци… Првиот нож забоден во грбот на чесниот а довчерашен пријател не боли, те изненадил…вториот е лекција, а веќе третиот е канал за сета вода која ќе мора да протече понатаму…се друго е инструменталка и верзија на веќе зацртано, испланирано и делумно прогресивно.

Ваквите ,,пријатели”држи ги на нишан и со репетирано перо, со отворен телефон и со резервирано место во твоите мисли.Кога ќе се помине црвената линија улицата станува еднонасочна…а времето е лек за сите болести.

Пишува: Гоце Марков

За авторот на оваа статија