Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва гостуваше во програмата на АЛФА телевизија со свое интервју во емисијата “Што не е јасно” со водителот Љупчо Цветановски.
Во јавноста ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 2 дена алармираше за намерата на актуелната власт предводена од СДСМ да ја продате фирмата АД Славија за багателна цена од 218 илиади евра на само 2 дена пред нова година, за што се однесуваше и првото прашање на домаќинот Цветановски упатено кон Николоски.
Потпретседателот во својот одговор даде кратка увертира во генезата на овој проблем во намера кој што власта сака да го наметне:

“Се случи еден феномен на локалните избори кои што поминаа, кој што малку се искоментира во јавност…
Практично на локалниве избори децата на оние кои што настрадаа од транзицијата ги победија децата на транзициските богаташи. Особено во Скопје кандидати на СДСМ кои што изгубија на локалните избори а слично беше и во Битола за волја на вистината се деца на новопечени богаташи кои што се збогатија не со тоа што измислија некоја нова иновација, туку со тоа што ги покрадоа државните фирми во 90 тите години. И тие успеаа долго време да владеат со Македонија со украдените народни пари. Сега народот дојде по своето и на овие избори ги поддржа децата на оние кои што настрадаа во таа приватизација, тоа е едно огромно мнозинство Македонски народ, во 90-тите години преку 300.000 луѓе останаа без работа што е една огромна бројка.
И сега затоа што никогаш не им е доста, гледаат сега на заминување да доразграбаат што може да се разграби, и од таа приватизација и од тие големи гиганти кои што постоеја во 90-тите години кои што или ги уништија или ги дадоа за безпари на нивните најблиски луѓе, останати се уште малку. Една од тие на пример е познатата Славија на времето најпознат ланец на маркети и продавници низ државата нешто што сега заедно веројатно би можеле да бидат Тинекс, Веро, Кам и уште неколку, значи заедно да се спојат е колку што Славија беше на времето и се обидуваат сега да ја раскрчмат, односно да ја продадат за безпати на некој нивни близок, веќе се шпекулираат имиња во јавноста, кои што главно или се по потекло или се ориентирани кон еден град во источна Македонија- Струмица… така што е јасно што сакаат да направат таму. Ова што го прават со Славија е брутален криминал и пљачка. Акциите се продаваат за 51 евро по акција или вкупно за 218.000 евра се продава 97% од фирмата, односно цела фирма во услови кога фирмата има значаен капитал и има .една голема управна зграда со се магацини од скоро 13.000 м2. Па само ако се пресмета 13.000 м2 не мора по 1000 евра/м2, нека е по 500 евра квадрат а реално е и над 1000 евра квадрат локациски е 7,5 милиони евра. Ако е по 1000 евра/м2 поминува 13 милиони евра само управната зграда со магацините позади, каде е земјиштето, каде се други продавници… а ја продаваат за 2018 илјади евра. Ова нешто покажува дека сакаат сега пред заминување да разграбат имот, но да најавам дека ќе има ревизија на ова нивно работење и ќе има сериозни кривични истраги после промената на владата. Мој совет е до владата и до агенцијата за одземен имот да ја поништи оваа продажба. До владата е советот да ја поништи продажбата од причина да се зачува тој имот кој што е државен а до агенцијата да не одговара сегашниов директор кривично, затоа што сум убеден дека доколку продолжи со оваа постапка без извршена проценка на имотот и без јасна методологија како е стигнато до овие 218 илјади евра. Значи отприлика за 2 стана продаваат 13.000 м2 деловен простор и уште 40 илјјади м2 земјиште. Значи доколку продолжат со оваа работа ќе одговараат кривично.”
-соопшти Александар Николоски-Потпретседател и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата “Што не е јасно на АЛФА ТВ”.
Целото интервју може да го погледнете во продолжение:
Поврзано
Видов многу енергија и ентузијазам кај вработените во фабриката, рече Ковачевки при посета на една од фабриките во ТИРЗ Скопје 1
Сања Лукаревска од СДСМ: Посветени сме на заштита на стандардот на граѓаните
Цената на лебот порасна за 110% а на брашното за 40%, владата да интервенира со стоковите резерви на пазарот, бараат од ВМРО-ДПМНЕ