НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
8 децембра, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Започна проектот за партерно уредување на локалитетот „Крст“ во општината Ѓорче Петров

🤝 Стартуваме со реализација на големиот проект „Партерно уредување на локалитетот “Крст“ во с.Кучково! Оваа атрактивна туристичко-рекреативна локација конечно ќе добие современ изглед. Партерно ќе се уредува површина од 5.456 m2.

🦺Планирана е изградба на амфитеатар со вкупно радијално развиени 3 трибини кој ќе ги прими сите категории посетители од социолошки аспект и ќе обезбеди пријатен престој.

🏗️Во план е изградба и на две платформи чие димензионирање е според активностите и потребите на посетителите и монтажни тоалети.При проектирањето на овој проект сериозно ќе се води сметка за постојната положба на високото зеленило за да се избегне негово уништување, а дополнително да се подобри просторот со ново зеленило.

🍀 Во оваа насока, хортикултурно ќе се уредува површина од 1.750м2.Ќе биде поставена и урбана опрема, односно корпи за отпадоци, паркинзи за велосипеди, дрвени клупи, брисолеи, како и пешачки и пристапни патеки кои водат до амфитеатарот и се дизајнирани со пристапни рампи за лицата со попреченост.

💡Локацијата ќе биде и осветлена со поставување улични светилки-канделабри и подни ЛЕД светилки.Вкупните средства претставуваат неповратни ГРАНТ средства за успешност од МСИП2-проектот на Светска Банка, кој е доделен како резултат на успешно реализиран заем од истата програма.

✅ Продолжуваме со реализација на ветените проекти! Граѓаните заслужуваат модерна и урбана општина.

#ПроменитеСеСлучуваат

-извор: Фејсбук

За авторот на оваа статија