По иницијатива на градоначалникот на општина Виница Миле Петков а во соработка со надлежните локални институции започна пролетно чистење на јавните површини во сите населени места на територијата во општина Виница.
Како носител на целата оваа активност се надлежните служби при општина Виница кои ја координираат целата акција за нејзино поуспешно спроведување а соработката е со Јавното претпријатие “Солидарност” од Виница и Месните и урбаните заедници вом општината.
“Од денес започнуваме со пролетна акција #ЗаЧистаОпштинаВиница.
Започнуваме од Истибања, а наредниот период ќе продолжиме и во сите населени места и делови од градот.Акциите ќе се спроведуваат во координација на општина Виница и ЈП Солидарност и Месните заедници, бидејќи има интерес за вкучување во акциите и на месното население.
Акциите ќе се спроведуваат еднаш неделно, а ќе ги искористам да остварам и неспосредни контакти со граѓаните да се запознаам со нивните барања, потреби и проблеми со кои се соочуваат, како и да ги запознаам со нашите идните активности и проекти.
Денес во Истибања беше исчистено централното селско подрачје, паркот, просторот кај домот на културата и детската градинка, тротарот од влезот во Истибања до паркот, просторот околу споменикот во селото, железниот мост и тротоарот до селските гробишта.
Беа поставени канти за отпадоци во паркот и на потегот од училиштето до паркот.
Добив ветување од Македонија пат дека наредната недела ќе бидат заменети и оштетените бетонски плочи поставени помеѓу тротоарот и меѓународниот пат за Р.Бугарија.
Наскоро ќе поставиме и железни столбови на тротоарот исто така на потегот од училиштето до паркот со цел истиот повеќе да не биде користен како паркинг простор.И за крај посетата на Истибања ја искористив да ја посетам и детската градинка во Истибања и да се запознаам со условите во кои дечињата претстојуваат.”
-соопшти во јавноста Миле Петков- Градоначалник на општина Виница за оваа тековна акција.
Извор: Брегалнички.мк
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот