НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
април 2, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Започна санација за ставање во употреба на мостот чиј пристап беше уништен во надојдената река Желевица во с. Тработивиште, делчевско

Денеска започна санација на пристапниот пат на мостот на река Желевица во село Тработивиште, делчевско.

Оштетувањето на пристапниот пат до мостот се случи со надојдување на реката Желевица за време на викендот за време на огромните количества дожд кои паднаа во регионот.

Реката Желевица која е карактеристична по големото сливно подрачје на атмосферски води кои гравитираат кон нејзиниот водотек исто така е позната кај локалните жители и по своето ерозивно дејство, при што за време на голем поплавен бран носи со себе почвен материјал и вегетација од околните брегови на реката.

Од тие причини реката Желевица кон нејзиното устие на влевање кон река Брегалница во близина на селото Тработивиште создава големи наноси на чакал, камења и речен мил со што врши излевање кон околниот терен со потенцијална опасност за штета врз околните крајни куќи во селото Тработивиште.

Во недостиг на финансиски сретства за изградба на постојана регулација со која ќе се утврдат нивото на 100 годишни поплавни води и истите ќе бидат основа за проектирање на попречниот профил со соодветна водопропусна моќ на оваа регулација која би се градела, потребна е сезонска регулација на реката Желевица со што ќе се чистат овие наноси на почвен материјал и вегетација кои го подигаат нивото на речното корито и допринесуваат за излевање на поголем бран на надојдени води на реката.

Токму ваквата ситуација беше причина за отсекувањето на постојниот АБ мост на реката Желевица кој што е насушна потреба за жителите на село Тработивиште во нивните секојдневие.

Ваквата сезонска регулација која треба да се врши на овој дел од течението на реката Желевица може да има и економски бенефит за заитересирани економски оператори кои би вршеле уредување на коритото на реката како мерки за заштита од поплави.

“Започна санацијата на оштетената пристапна рампа на мостот во село Тработивиште кој настрада од надојдените води на река Желевица. Градежните работи за санација ги изведува  фирмата СД Транс и се очекува за неколку дена мостот да биде ставен во функција.

Инаку, оштетувањето на мостот во с. Тработивиште беше еден од посериозните проблеми предизвикани од неодамнешниот зголемен водостој на реките, поради обилните врнежи од дожд што ја зафатија нашата Општина.

Како последица на обилните врнежи се излеа и реката Брегалница од мини во мајор коритото во урбаниот дел од градот, но не предизвика посериозни проблеми. Критичните точки во градот беа обезбедени со доволен број вреќи со песок, а на располагање за интервенција беше ставена и соодветна механизација. Вон урбаниот дел, на одредени места имаше излевање на река Брегалница по должината на реката од с.Тработивиште до Делчево, како и на излезот од Делчево кај м.в. Брежје и Долни Бавчи, но не предизвика поголеми штети.

Активностите на Општина Делчево се координирани со ЈКП „Брегалница“, РЦУК-Делчево, ДЗС-Делчево и месното население.”

-соопштија од општина Делчево во врска со оваа активност за оспособување на мостот за негово користење.

-Извор: Брегалнички портал

За авторот на оваа статија

>