НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 3, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Жестока реакција на Никола Мицевски против кршењето на процедурите од страна на владеачкото мнозинство во парламентот

Денеска во рамки на парламентарната расправа на Комисијата за политички систем помеѓу пратениците се вжешти атмосферата откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски процедурално реагираше на повеќе аспекти на неделовничкото работење на претседателката на комисијата од редовите на владеачкото мнозинство Соња Мираковска.

До бурната реакција на кооординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски дојде откако претседателката на комисијата Соња Мираковска надвор од деловничките рамки и воспоставена процедура насила се обиде да го протурка Законот за судии и јавни обвинители во работната комисија, така како што е доставен од Владата без почитување на мислењето и ставот на опозициските пратеници.

Никола Мицевски цитирајки одредби од деловникот, истовремено потенцирајки ја воспоставената пракса, ги судри аргументите пред пратениците и јавноста зошто ова што го прави Мираковска ќе биде предмет на преиспитување и одговорност во иднина.

“Велите дека не е формално и бидејки оваа комисија нема деловник може да прави кој што сака. Ако правиме така, на секоја комисија замислете до каде ќе ја доведеме работата. Претседаваме и ние со некои комисии. Велите дека осум пратеници биле ЗА и вие спорет доа сте констатирале дека е усвоен дневниот ред. Да ве потсетам нешто што вие добро го знаете, меѓутоа повеќе за новите пратеници и за Македонската јавност дека она што не е пропишано со комисиски правилник или било што, се користи деловникот за работа на Собранието. И тоа го правиме на многу комисии. Што вели членот 128 став 5? Извештајот што вие сте го направиле а јас не знам ни дали има извештај, во кој што треба да има осум ЗА, незнаеме колку сме против, не знаеме колку колку се воздржани…. не можете вие да констатирате во гужвата… или не е важно колку се… дајте ова ставивме европско знаменце на Законот за академија на сидии и јавни обвинители, ова ни го пратија вака од влада со европско знаменце и ние мора да го истераме! Забелешките нека стојат настрана! Па не се луди овие пратеници тука што реагираат ако нема потреба за тоа. Упорно од сабајле повторувата… втор ден, втор ден. Ќе завршите со расправата, кршите процедура- деловник не првпат, не случајно ви реков. Човек заглавивте 6 ипол години затвор за оваа процедура. Немој да мислите дека некој на крајот на денот ќе застане и ќе ве брани. Ќе се смени и оваа сила и оваа моќ како многу работи што се сменија. “

-алармираше пратеникот Никола Мицевски по што продолжи:

“Овде во оваа сала Заев ни велеше дека 9 години и 7 месеци ќе владее. Го заборавивме Заев. Три години поминаа од тогаш, затоа не се силете. Дајте седнете да се договориме до кај сме со процедурите. Снимка имате, колешке, смнимка имате официјална каде што велите дека не го рачунаме вториот… не сте вие тука да рачунате или да не рачунате ден. Значи има процедура која е напишана, има практика… тука има пратеници со институционална меморија знаат како се работи во ова собрание. Немојте ова е втор ден- ова е втор ден! Кој дискутираше во првиот ден? Дајте записник некој кој спомна “А” од Академијата за судии и јавни обвинители. Еве ви го членот 128 став 5: “Извештајот (кој што го нема) го содржи ставот на работното тело со образложение”. Кој е ставот? Има 8 ЗА и после било гужва и не знаеме колку се против и колку… Каде е извештајот? Како ќе го направите извештајот? Вие треба да го потпишате тој извештај и да дојде на пленарна седница. “Во извештајот се внесуваат сите изнесени издвоени мислења и предлози по прашањето.” Што ќе ставите? Прашавте ли дали има некој за промена и дополна на дневен ред? НЕ! Констатирам јас дека има осум ЗА!”

– бурно реагираше координаторот Мицевски во својата процедурална дискусија.

Тој во продолжение уште еднаш го потенцираше фактот дека поразителни 8% од граѓаните имаат доверба во судско-обвинителскиот систем во државата а со ваквото носење на споменатиот закон за Академија за судии и јавни обвинители на неделовнички начин ваквата доверба уште повеќе ќе пропаѓа.

Дали треба уште толку да ја доурнеме поддршката за тие судии и јавни обвинители, запраша Мицевски.

Целата жестока реакција во форма на процедурална расправа на Комисијата за политички систем во Македонското собрание од денешниот ден може да ја погледнете во продолжение:

Дополнително координаторот Мицевски преку социјалните мрежи упати уште една реакција во јавноста за разоткривање на намерите на пратениците од владеачкото мнозинство да донесат закон со кој што според опозицијата ќе се заштити можнниот криминал на актуелната власт во периодот кој што следува.

“Продолжува неделовничкото и незаконското работење на претседателката на Комисијата за политички систем, г-ѓа Соња Мираковска, во Собранието на Република Македонија !

⛔️Очигледно , за власта не важат ниту Деловник, ниту процедури, закони и Устав.

❌⛔️👉🏻Вака пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се борат против самоволието на власта во законодавниот дом. Затоа, доколку не се спремни да го почитуваат Собранието, Деловникот, законите и Уставот, тогаш треба да бидат спремни за интерпелација и одговорност ! Одговорност мора и ќе има ! 🫵🏻”

-напиша Никола Мицевски- координатор на пратеничката група на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Македонскиот парламент.

За авторот на оваа статија

>