И Зоран Заев, таков каков што беше со сите маани и доблести?! беше покредибилен премиер, во споредба со она што има намера да биде Димитар Ковачевски.
Зоран Заев со целиот негов капацитет излезе пред камери и во 2015 година јасно и гласно се спротивстави на цел државен апарат со т.н. бомби кои беа увертира на падот на власта на Никола Груевски што во тоа време значеше дека човекот поседува луда храброст, но сепак храброст.
Седнувањето во премиерското столче на Димитар Ковачевски без претходно декларирана програма за која што самите граѓани ќе дадат зелено светло на избори, е доволна причина за негова можна идна уцена и контрола. Немањето зад себе изборен легетимитет директно од граѓаните го прави Димитар Ковачевски лесен “плен” за можни идни политички уцени во коалицијата која ја чини актуелното парламентарно мнозинство.
Димитар Ковачевски од се она што до сега има манифестирано како политички капацитет и вредност во јавноста е да биде добар послушник-марионета на Зоран Заев. И тоа и не е така страшно имајки ја во предвид намерата на Зоран Заев да внимава на својот иден углед во државата, знаејки дека долго време ќе биде на тапет за можни криминали околу него. По алармантна е можноста Димитар Ковачевски да продолжи да биде продолжена рака на бизнис-“акционерите” во СДСМ и ДУИ како “”континуитет на досегашното работење на Зоран Заев.
Ваквото продолжено опстојување на Заевизмот има своја конечна цел која ќе ја видиме подолу.
Човек како Димитар Ковачевски кој видовме како други го шетаат каде стигнат на состанокот на Отворен Балкан поставен за Премиер на владата е доволно проблематично само за себе. Но Димитар Ковачевски како Премиер кај себе ќе ја има најголемата моќ за контрола на парите од државниот буџет што отвара можности за реална финансиска корист од продолженото владеење на актуелната коалиција сега засилена со Алтернатива. Со самото тоа Димитар Ковачевски е апсолутно ранлив како политичка фигура на најмоќната позиција во власта, без легитимитет стекнат на избори. Оттука за сите граѓани кои допринесуваат во државниот буџет апсолутно алармантно е прашањето дали Димитар Ковачевски ќе продолжи да биде потенцијален извршител на досегашните политики поврзани со сите бизнис интересенти во СДСМ и ДУИ за кои партии континуитетот во власта им е насушна потреба во нивното политичко опстојување.
Ваквиот монструозен комплекс на франкенштајновска творба во рамки на актуелната владина коалиција има само еден врзивен материјал кој ги спојува сите парчиња “месо” во телото на овој наш Македонски Франкенштајн. Тоа е бизнис интересот и профитот на сметка на државата што е една од најзначајните карактеристики на Заевизмот.
Не станува збор за никакви идеолошки матрици затоа што меурот наречен ЕУ идеологија (кој привидно ги обединуваше коалициските партнери) е безнадежно распрснат. Никакви ЕУ интеграции, никакви перспективи, никаква борба со криминал и корупција, никаква правна држава… во прашање е гол и најбрутален егзистенцијализам на бизнис клиентите на власта!
Сето она што ќе биде ставено на маса како идна владина програма на Димитар Ковачевски ќе се стекне со статусот “список на желби”, па и така нефинкционалните институции со многу мала доверба на граѓаните во нив ќе се делегитимираат дополнително. Во таква една ситуација повторно ќе преовлада интересот на т.н. печалбари во СДСМ кои што ќе се нафатираат пред се финансиски во се поизвесниот нестабилен период кој што следува.
Државата Македонија дополнително ќе биде дискредитирана во очите на граѓаните, интересот за да влијаат на процесите во државата дополнително ќе опадне и тоа уште повеќе ќе ги внесе на голема врата бизнис интересите во инструментите за моќ во државата.
Целата оваа состојба во која државата е ставена на апарати има само една цел: Бегство на Зоран Заев од одговорност пред лицето на правдата и негово политичко повампирување во блиска иднина.
И се поизвесно е Зоран Заев оваа негова операција да ја изведе преку Претседателската вила на Водно по истекувањето на мандатот на Стево Пендаровски по две ипол години.
Пишува: Кирчо Анастасов
Поврзано
Луганск – Изложба на трофејна украинска воена техника
За оние со празни животи
Како се храни руската армија во Украина?