Macedonian Times

Encourage the world

Додека делчевчани дишат канцероген чад од градската депонија градоначалникот Трајковски навива на стадион во Италија

Во изминатите неколку денови над Делчево и поголемиот дел од Пијанечката котлина постојано лебдеше огромен облак со чад предизвикан од пожар на градската депонија која се наоѓа во непосредна близина на градот и повеќе рурални населени места. Од страна на граѓаните на Делчево но и на останати засегнати населени рурални места во непосредна близина на социјалните мрежи се појави лавина на реакции исполнети со револт и барање одговорност кај надлежните за ваквата опасна и животозагрозувачка состојба.

Своја реакција во јавноста упатија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од општинскиот комитет во Делчево кои што директно ги прозваа градоначалникот Горан Трајковски, командираот на ТППЕ Делчево и Директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево за ваквата состојба.

“Додека градоначалникот на Делчево Горан Трајковски заедно со неговиот братучет Миле- командир на ТППЕ Делчево се одмараат и навиваати по италјанските фудбалски стадиони, делчевчани се трујат од отровните канцерогени честици кои трет ден се надвиснуваат над Делчево. Неспособноста на градоначалникот Трајковски, неговиот братучет Миле кој што е поставен да ја менаџира работата на противпожарната единица, да се справат со постојаните пожари на депонијата со години наназад, како и неефективното менаџирање со истата од страна на директорот на ЈКП “Брегалница” Стојче во чија надлежност е депонијата, се сериозна закана за здравјето на делчевчани. Оттука е и причината за револтот на граѓаните на Делчево, с. Полето, с. Очипала, с. Габрово кои се трујат под густиот отровен чад над депонијата. Но тоа се чини ни во најмала мера не допира до градоначалникот Трајковски кому приоритет му е одморот и навивањето на светските стадиони.”

-стои во интегралниот текст на реакцијата упатена во јавноста од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

За авторот на оваа статија

>