Во пресрет на надоаѓачката зима градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска изврши вонредна контрола на центарот за кризи на зимската служба на градот Скопје.
“Денеска бев во вонредна контрола во кризниот штаб на зимската служба под Град Скопје за подготвеноста на оваа служба за зимската сезона. Јавното претпријатие и кризниот штаб не смеат да бидат изненадени од зимската сезона и за истата треба да бидат максимално подготвени за одржување на сите главни улици за коишто е надлежен градот Скопје. Овие вонредни контроли ќе продолжат без претходна најава и во следниот период, а сите јавни претпријатија треба да бидат подготвени да ја извршуваат својата функција во интерес на скопјани. Веќе од понеделник започнуваме и со дополнителни активности на засилени контроли и ревизија на активностите на јавните претпријатија како би се обезбедиле квалитетни и навремени услуги за сите скопјани.”
-соопшти Данела Арсовска преку социјалните мрежи.
Поврзано
Спектакуларна завршница на овогодинешните “Рацинови средби” со концерт на Некст Тајм
По барање на граѓаните откажан настапот на Јелена Карлеуша на овогодинешниот Тиквешки гроздобер во Кавадарци
Во постапка отварање на нов граничен премин меѓу Македонија и Грција