Macedonian Times

Encourage the world

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави судска пресуда со која ја добива на суд политичката партија СДСМ за искажани јавно искажани клевети за нарушување на неговиот углед.

СДСМ како политичка партија се задолжени од страна на судот како виновни да му исплатат 1 евро на тужителот Христијан Мицкоски и да ја објават пресудата по однос на оваа тужба во јавен весник 15 дена по нејзиното донесување на партиски трошок на СДСМ

“И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени.

Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и останатите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи. Инстант клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, се до конечна победа! Колку тие пониско удираат толку ние повисоко се креваме!.”

-соопшти Христијан Мицкоски во врска со оваа негова лична значајна победа против актуелната партија на власт во државата.

За авторот на оваа статија

>